Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Милтон“ удри на Флорида и ги однесе првите жртви, на ураганот му претходеле неколку торнада

Неколку силни торнада ја „искинаа“ Флорида неколку часа пред ураганот Милтон да удри на копното во средата, откорнувајќи покриви, превртувајќи возила и кревајќи остатоци во воздухот, пишува Асошиетед прес.

Најмалку две лица загинаа во округот Сент Луси на брегот на Атлантикот на Флорида, изјави шерифот на округот, Кит Пирсон.

Пирсон процени дека повеќе од 100 домови во округот се уништени од ураганот „Милтон“, објави Ен-Би-Си Њуз.

До средата навечер, повеќе од 130 предупредувања за торнадо поврзани со Милтон беа издадени од канцелариите на Националната метеоролошка служба во Флорида.

Појавата на торнада пред и за време на ураганите не е невообичаена, велат научниците, но жестокоста на вртлозите била над сите очекувања.

„Дефинитивно е невообичаено“, рече професорот по метеорологија на Универзитетот во Северен Илиноис, Виктор Џенсини. „Ураганите произведуваат торнада, но тие обично се слаби. Она што го видовме денес беше многу поблиску до она што го гледаме во Големите Рамнини во пролетта“.

Зачлени се на нашиот е-билтен