Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Минчев: Колегите од Вреди да се вразумат, јас само спроведувам закон

Немам намера да провоцирам ниту еден од нашите коалициони партнери. Ќе повторам, исклучиво спроведуваме закони, а еден од принципите на коишто е договорена оваа коалиција е и почитување на законите. Јас само спроведувам закони. Во Законот за вработени во јавниот сектор децидно пишува дека алатката балансер се применува исклучиво за граѓаните кои живеат на територија на Република Македонија, а тоа е резидентното население согласно податоците од последниот попис. Се надевам дека колегите од Вреди ќе се вразумат, ќе потрошат повеќе внимание на читање на постоечките закони и ќе се посветат на спроведување на овие закони, а нема да се занимаваат со дневно политички теми, изјави денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев.

На прес-конферениција, Минчев одговарајќи на новинарски прашања повтори дека пресметката во балансерот, односно правичната застапеност на етничките заедници во јавната администрација, се однесува исклучиво на резидентното население, односно на сите жители кои живеат на територијата на државата.

– Таа тема е завршена и архивирана. Не постои ништо што е намерно. Или ќе се почитува законот или нема да се почитува. Како министер сум должен да го почитувам законот и тоа ќе го правам се додека сум министер до последната запирка. Стриктно е наведен членот ако мислите за пресметката во балансерот дека се однесува исклучиво на резидентното население, односно на територијата на Република Македонија. Тоа значи дека сите жители коишто живеат на територијата на Република Македонија ќе бидат во пресметката на т.н. балансер, односно во формулата за пресметка. Таа тема е завршена и архивирана и се спроведува, изјави Минчев на новинарско прашање. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново