Мини хидроцентрала во Блатец: блокади и порака „не е на продажба“

Жителите на виничкото село Блатец во саботата, 14 февруари 2026 година, организираа протест и блокади против планираната изградба на мини хидроцентрала на реката Блатешница, наведувајќи дека водотекот им е клучен за живот и опстанок во селото.

Според изјави пренесени од медиумите, жителите порачале дека без реката „во Блатец нема што да бараат“ и дека би биле принудени да се иселат доколку проектот продолжи.

Во објавите се наведува и дека ова не е првпат да има протести и блокади во селото, како и дека жителите со месеци алармираат оти не сакаат изградба на хидроцентрала на Блатешница.

Зачлени се на нашиот е-билтен