Минималецот тапка во место, додека Мицкоски купува банани

Дискусиите за минималаната плата Владата на Христијан Мицкоски ги сведе на „минималец“, без објавување на било какви мерки за барањето на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Неодамна тој изјави дека Владата не е против зголемување на минималната плата, но зголемувањето мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите.

„Дали треба повеќе? Да, треба, еве јас сум првиот кој што тоа ќе го поддржи. Треба да биде најмногу. Ако гледаме од себични причина на Владата, ние можеме да прогласиме и да побараме од законодавниот дом минимална плата од 600, 700 евра, ќе бидеме најголемите политички херои, дури и ние ќе профитираме бидејќи од 705.000 вработени ние како Влада сме работодавачи на 100.000. Што значи дека придонесите на останатите 600.000 ќе доаѓаат на сметка на Владата. Но, дали економијата и бизнисот тоа можат да го издржат е прашање кое што работодавачите и работниците треба да си го одговорат. Затоа ние велиме ве молиме во дијалог вие да си го одговорите тоа прашање, ние можеме само да фасилитираме и да помогнеме во тој процес. Второ, грубо се манипулира со зголемена минимална плата во соседство и кај нас, бидејќи кај нас се зборува за нето, а таму за бруто. Има голема разлика. Трето, според Евростат, куповната моќ со минималната плата во Македонија, оваа моменталната, а не таа која ќе се зголеми со закон, е повисока од сите земји во соседството, минус Грција“, рече Мицкоски.

Со ист став излезе ли министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши кој на седницата за пратенички прашања рече дека во државата има околу 700 илјади вработини кои што се во администрација или во приватниот сектор и од нив 35 илјади земаат минимална плата.

„Ние го гледаме интересот на сите граѓани, но ако пресметаме колку се овие граѓани кои земаат минимална плата, значи е три до четири проценти. Сите други граѓани 94-95 проценти кои се вработени во јавниот и во приватниот сектор земаат повеќе од минималната плата и како Влада, како трипартитен орган, го гледаме интересот и на тие 96 проценти, и на овие четири проценти“, рече Дурмиши.

И тој лицитираше со износите за минималната плата: „Тоа што го кажавме и на тоа стоиме, ако може работодавачите да ги плаќаат работниците кои ги имаат и се согласат со работниците, ние сме тука да ги поткрепиме. Сите сакаме минималната плата да е многу повеќе од 500 евра. Сакаме да е 800, зошто да не и илјада евра минимална плата и ќе сме херои во нашата земја“, рече Дурмиши, но предупреди дека во таков случај ќе се соочиме со инфлација, пораст на цените кои енормно ќе се зголемат и неме да може да се менаџираат…

Лицитацијата од петстотини евра, шестотини, осумсто, илјади, личи на добро организирана аукција на која присутните наддаваат за некоја работа, но всушност, станува збор за износот за минималната плата кои кај нас многумина би сакале да го видат. Но, нема.

Последната седница на Економско-социјалниот освет одржана деновиве само го потврди она што се знаеше и претходно – дека ниту власта, ниту работодавачите имаа тнамера да им удоволат на барањата на Сојузот на синдикати на Македонија за зголемување на минималаната плата од сегашните 36.037 денари во бруто износ или нето 24.379 денари, на 500 односно 600 евра нето.

Пораки на Владата на Мицкоски дека дека ќе прифати повисока минимална плата, ако за тоа се согласат работниците и работодавачите, остнаува да лебди во воздух, затоа што во таков случај бизнисмените, бараат државата да ги покрие зголемените придонеси, кој пак предлог за многу економисти значи дополнително нарушување на разнишаниот баланс во јавните финансии и зголемување на товарот врз буџетот.

Во меѓувреме ССМ, најавува излегување на улица.

Зачлени се на нашиот е-билтен