Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Минималната плата треба да биде 50 отсто од синдикалната кошничка која достигна над 1.000 евра

Со минимална плата која во моментов изнесува 367 евра, Северна Македонија и натаму е меѓу земјите со најниски минимални примања во Европа. Главните причине за тоа според економски експерти се бавната реализација на инфраструктурните и други капитални проекти, но и привлекувањето на странски инвестиции.

Пример за брз развој се Црна Гора и Албанија кои имаат неколку клучни инфраструктурни проекти кои се пуштени во употреба изминатиот период и кои директно ќе влијаат во развојот на целото стопанство. Се развива патната инфраструктура, а истовремено многу компании се ангажирани во тие проекти. Импактот од тоа е голем врз туризмот и врз другите сектори .

Експерите, синдикатите, владата и работодавачите ги судираат аргументите за зголемување на минималнта плата: од една страна се нагласува потреба на луѓето кои примаат минималец да добијат зголемување кое ќе може да одговори на реалните трошоците за живот и инфлацијата, додека владата и работоддавачите ја изразуваат загриженоста за финансиската изводливост.

Вредноста на Синдикалната минимална кошничка за месец октомври 2024 година изнесува 61.249,00 денари, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија. Со изнајмен стан од 60 м2,кошничката за октомври изнесува 76.624,00 денари.

Споредено со вредноста на синдикалната минимална кошничка за септември 2024 година, која изнесуваше 61.306,00 денари, окромвриската е намалена за 57,00 денари.

Според една од анализите на економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ минималната плата „апсолутно мора да расте.“ Тој додава дека и покрај покачувањето од последниве неколку години, минималната плата во земјава се уште е ниска.

„Ако синдикалната кошничка е над 60 илјади денари, што значи дека минималната плата е само 38 проценти од нејзината вредност, што е просто прениско. Минималната плата треба да изнесува барем 50 проценти од кошничката. Не мора да се покачи на тоа ниво веднаш, може да се направи во година-две, ама тоа треба да биде целта. Така што би кажал дека барањето на синдикатите за минимална плата од 450 евра е дури и благо и дека треба да се бара повеќе“, вели Јовановиќ.

Минималната плата во Црна Гора изнесува 450 евра, Србија 423 евра, Босна и Херцеговина 450 евра, Хрватска 840 евра (бруто), Словенија 1.253 евра (бруто), а Албанија 385 евра.

Податоците на Светската банка од изминативе години покажуваат дека во земјава и натаму има илјадници луѓе кои живеат во сиромаштија.

Во студијата се вели дека 2023 година завршила со 86.405 луѓе кои живеат екстремна сиромаштија и дека 519.452 умерено сиромашни. Поповолното сценарио за истата година предвидело да има 70.084 екстремно сиромашни и 439,022 кои живеат во умерена сиромаштија.

Во оваа насока синдикатите велат дека платите на работниците се зголемуваат со забавено темпо, несоодветно за инфлацијата, за разлика од функционерите кои со обезбедиле „енормни и незаслужени 78 проценти.

Зачлени се на нашиот е-билтен