Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Министерката Божиновска е сѐ уште бугарска државјанка, пишува БГНЕС

Сања Божиновска, фотографија и илустрација БГНЕС
Сања Божиновска, фотографија и илустрација БГНЕС

Според информации од извори на агенцијата БГНЕС во Министерството за правда на Бугарија, кои сакаа да останат анонимни, на Божиновска не и е издаден указ за ослободување од бугарско државјанство, пишува БГНЕС.

БГНЕС пишува дека Божиновска неколку пати изјави дека поднела барање за откажување од државјанство. Таа тврди дека денес има само македонско и чешко државјанство и нема бугарски документи.

Изворите на БГНЕС од Министерството за правда во Софија велат дека постапката за откажување од бугарско државјанство не завршува со поднесување барање. Оттаму потсетија дека добивањето бугарско државјанство се заснова на доставени документи за бугарско потекло и лична изјава за на бугарска самосвест кај кандидатот.

БГНЕС потсетува дека денеска Сања Божиновска рече дека „ќе се консултира со своите адвокати“ дали сè уште има бугарска самосвест. Бугарски адвокати за БГНЕС потврдија дека во отсуство на указ за откажување од државјанство, Божиновска сепак може да ги обнови личната карта и бугарскиот пасош, а една од опциите е да аплицира во бугарската амбасада во Скопје.

Во јуни годинава беше објавено дека дека таа води фирма во Хрватска со бугарски пасош.

На прашањето дали на јавноста ќе ѝ покаже документ со кој се потврдува дека повеќе не е бугарска државјанка, Божиновска го избегна одговорот на директното прашање и посочи дека „ќе мора да се консултира со адвокатите“.

Повторно запрашана дали сè уште има бугарски пасош, таа изјави: „Прашањето е неважно за темата на прес-конференцијата. Имам македонско и чешко државјанство. Имам и македонски и чешки пасош. Ќе морам да се консултирам со адвокатите за оваа работа, тие ја водеа оваа постапка многу одамна“.

Истиот одговор Божиновска го даде и на прашањето дали „се уште постои бугарска самосвест“:

„Тоа беа изјави на кои сега не се сеќавам. Тоа беше многу одамна. Јас не го водев тој процес туку адвокатска канцеларија“, одговори Божиновска.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново