На денешниот прес по повод отчет за 100 дена влада, министерката за енергетика, минерални суровини и рударство, Сања Божиновска на новинарско прашање дали се уште има бугарско државјанство, одговори дека нема, но дека ќе треба да се консултира со адвокатите дали може тој документ да го стави на увид на јавноста.
Но сепак на прашањето дали се уште има бугарска самосвест, бидејќи таква е процедурата при аплицирање за бугарско државјанство, поточно се потпишува таква изјава, таа рече дека не се сеќава.
-Не се сеќавам, процедурата ја водеа адвокатите, рече Божиновска.
Таа потврди дека има чешко државјанство.