Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Министерот Дурмиши тврди дека со есенската кошница граѓаните заштедиле од 690 ден до 1.360 ден

Иако синдикалната потрошувачка кошничка која ја пресметува Сојузот на синдикатите на Македонија покажа дека за месец октомври 2024 година покажа дека е намалена за само 57 денари, министерот за економија Бесар Дурмиши се пофали дека граѓаните заштедиле од 690 до 1360 денари со есенската кошничка.

Според пресметката на ССМ, синдикалната кошничка за октомври изнесува 61.249,00 денари (со изнајмен стан од 60 м2 пак за октомври кошницата изнесува 76.624,00 денари), споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за септември 2024 година која изнесуваше 61.306,00 денари е намалена за 57,00 денари.

„Есенската кошница како мерка која што ја донесовме на крајот на септември веќе заврши, заклучно со вчерашниот ден. Мерката беше спроведена успешно и според анализите на Министерството за економија ги даде очекуваните резултати. Секако дека за оваа мерка како што и самите знаете имавме забелешки во најголем дел од трговците и од дел од дистрибутерите, но таа сепак ги даде резултатите кои ги очекувавме, а заштедата за едно четворочлено семејство, на месечно ниво од ограничените маржи и намалените цени на дел од производите изнесува од 690 ден до 1.360 ден по семејство, во зависност од начинот на исхрана, како и од изборот на маркети каде што се набавува истата, вели тој.

Дурмиши најави дека во наредниот период ќе има и божиќна кошничка, како и велигденска, а се надева дека нема да има зголемување на цените од страна на трговците, во спротивно ќе имало ригорозни мерки.

Зачлени се на нашиот е-билтен