Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Министерот за одбрана на Литванија поднесе оставка

 Литванскиот министер за одбрана Арвидас Анусаускас ја поднесе оставката до премиерот, јави Литванската радио телевизија (ЛРТ), повикувајќи се на владината прес-служба.

„Премиерката Ингрида Симонита денеска доби писмо со оставка на министерот за одбрана“, се вели во соопштението од Владата.

Извори на ЛРТ претходно потврдија дека министерот се подготвува да поднесе оставка, но причините се уште не се познати.

Зачлени се на нашиот е-билтен