Министерството за здравство на Газа одлучи да ја прекине координацијата со Светската здравствена организација за евакуација на ранетите и медицинскиот персонал, соопшти портпаролот на Министерството, Ашраф ал Кудра.
Тој ова го изјави по апсењето на директорот на болницата Ал-Шифа и други лекари.
Ал-Кудра рече дека Израел и ОН сносат одговорност за апсењето на медицинскиот персонал, додавајќи дека израелските сили насилно се справувале со медицинскиот персонал и пациентите.
Ал Кудра претходно потврди дека израелските одбранбени сили го уапсиле директорот на најголемата болница во Газа Ал Шифа.
-Доктор Селмеја, директорот на болницата Ал Шифа, како и дел од медицинскиот персонал кој се уште е присутен во болницата, се уапсени, рече тој.
Објектот беше една од главните цели на израелската копнена операција во северниот дел на Газа, а војската изврши упад минатата недела.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) тврдат дека Хамас користи комплекс од тунели под болницата за да организира напади и да крие заложници, што милитантната група го негира.