Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе одржат состанок во Киев

Министрите за надворешни работи на ЕУ наскоро ќе одржат состанок во главниот град на Украина, Киев, изјави денес шефот за надворешна политика на Унијата, Жозеп Борел, јави агенцијата Анадолија.

– Во Украина, непосреден приоритет е мирот, но праведен мир, изјави Борел на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, по неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Тој го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин дека директно ги напаѓа резервите храна и нагласи дека „наскоро, во наредниот период“, во Киев ќе биде свикан состанок на министрите за надворешни работи.

Борел ја коментираше и ситуацијата во Сахел, за каде што ЕУ се согласи да ги преиспита својата стратегија, пристап и политики.

Тој укажа на „геополитичката нестабилност“ во африканскиот регион и рече: „Ние сме директно погодени од настаните во Сахел како соседи, како партнери. Ова, исто така, е причината зошто миграцијата и безбедноста се клучни елементи.“

Борел повтори дека африканските проблеми бараат африкански решенија и ЕУ е „подготвена да ја поддржи понатаму Африканската унија и Економската заедница на западноафриканските држави“.

Тој уште еднаш ја изрази поддршката на ЕУ на нигерискиот претседател Мохамед Базум, кој беше соборен од воената администрација на 26 јули, потсетува Анадолија.

Зачлени се на нашиот е-билтен