Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Министрите за одбрана на Централна Европа предупредија на важноста на Западен Балкан за безбедноста на континентот

 Министрите за одбрана на земјите членки на Централноевропската одбранбена соработка предупредија денеска во Прага на средбата со нивните колеги од земјите од Западен Балкан дека поради војните во Украина и на Блискиот Исток , тој регион и неговото значење не смее да се заборави за безбедноста на Европа и да се поддржи европската интеграција на тие земји кандидати.

-Односите меѓу Белград и Приштина се од клучно значење за целиот регион на Западен Балкан. Русија, како и другите актери, се многу активни на Западен Балкан и дејствуваат спротивно на нашите интереси. Мораме да бараме начини за зајакнување на соработката со партнери во тој регион. Нашата цел е да им понудиме поатрактивна опција, изјави чешката министерка за одбрана Јана Чернохова денеска на последниот ден од дводневниот состанок.

Централноевропската одбранбена соработка, во која набљудувачи се Чешка, Австрија, Словенија, Словачка, Унгарија, Хрватска и Полска, под претседателство на Чешка, минатата година се концентрираше на зајакнување на практичната соработка на експерти од земјите од Западен Балкан. 

-Дека стабилноста во овој регион е навистина кревка покажуваат десетици повредени војници на КФОР за време на мајските немири на северот на Косово. Затоа е неопходно внимателно да се следи развојот на ситуацијата, рече министерката Чернохова на прес-конференцијата. 

Унгарија денеска го презеде претседателството од Чешка, а нејзиниот министер за одбрана Кристоф Салај-Бобровнички најави дека во текот на наредната година во овој формат на соработка сака да ја истакне соработката со партнерите од Западен Балкан.

Според унгарскиот министер, стабилноста на Централна Европа и Западен Балкан се поврзани и затоа неговата земја го поддржува приемот на тие земји во Европската унија, како гаранција за стабилноста на регионот.

Во Прага за првпат беше организиран министерски состанок на Централноевропската одбранбена соработка со министрите за одбрана на Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Косово, нагласуваат чешките медиуми.

Министрите за одбрана на Вишградската група, во заедничката декларација од оваа средба, кога првиот ден, вчера, го посветија на одбранбената соработка на Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, ветија дека ќе продолжат да и помагаат на Украина во конфликтот со Русија без разлика на промената на власта во Словачка и попустливоста на Унгарија кон Русија.

Чешкиот министер предупреди дека војната во Украина очигледно не завршува, а исто така не смее да се дозволи конфликтот меѓу Израел и Хамас да се прелее во тој регион.

Денеска во Варшава, идниот полски премиер, лидерот на опозицијата Доналд Туск, го обвини унгарскиот премиер Виктор Орбан дека не само што ја саботира помошта на Европската унија за Украина, туку и дека ги турка Полска и земјите од В4 во неволја, кои испратија оружје во Украина од нивните магацини. 

Зачлени се на нашиот е-билтен