Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мировниот пратеник на папата Франциск ќе ја посети Москва

Кардинал Матео Зупи

Италијанскиот кардинал Матео Зупи, задолжен од папата Франциск, ќе предводи мировната мисија во обид да помогне да се стави крај на војната во Украина. Тој утре и в четврток ќе престојува во Москва.

Целта на оваа иницијатива е да се поттикне чувството за хуманост што може да придонесе за решавање на актуелната трагична ситуација и да се изнајдат начини за постигнување праведен мир, се наведува во денешното соопштението на Ватикан.

Но, не е објавено со кого Зупи ќе се сретне во Москва. Тој на 6 јуни оствари средби со верските поглавари и украинскиот претседател Володимир Зеленски. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен