Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска изјави дека деескалација и нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина е од суштинско значење.
– Со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел и колегите од ЕУ, имав средба со премиерот на Косово, Албин Курти, а потоа и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Деескалација и нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина е од суштинско значење, напиша Мишел на платформата Икс.
Тој изјави дека очекува Европската комисија дополнително да разговара на таа тема.
Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти денеска во Брисел имаа одвоени средби со претставниците на Германија, Франција и Италија, како и со специјалниот пратеник за дијалог Мирослав Лајчак и шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.