Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мишел: Првпат по многу години имаме дебата на високо ниво за проширувањето

За да има проширување на Унијата кандидатите за членство мора да ги спроведат реформите, а ЕУ од своја страна мора да се подготви за нивниот прием и ова е првпат по многу години да имаме дебата на високо ниво за вакво фундаментално и важно прашање, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел при пристигнувањето на денешниот неформален Самит на ЕУ што се одржува во шпанскиот град Гранада. 

– Ова ќе биде важен состанок на Европскиот совет, бидејќи ќе претставува стартна точка за стратешката агенда на ЕУ. За нас е важно да расчистиме неколку работи – што сакаме во иднината, кои се нашите приоритети и која е нашата идна политика, за да дојдеме до перспективата на проширувањето, додаде Мишел. 

Според него, во рамки на ЕУ треба да се реши и прашањето за начинот на носење на заеднички одлуки, како и за тоа како ќе биде платена реализацијата на заедничките цели и политики. 

Во одговор на новинарско прашања околу подготвеноста на ЕУ за проширувањето, Мишел истакна дека тоа што Унијата ја отвора дебатата за ова прашање значи дека е подготвена за тоа. 

– Демократската дебата е легитимна и лидерите на 27-те земји ја почна оваа дискусија и сега треба да идентификуваме и да решиме што сакаме на краток рок, што на среден рок, за да постигнеме напредок. Ова е стартна точка и целта е да се добие некаква ориентација по која треба да работи белгиското претседателство следната година, додаде Мишел.  

Во однос на азербејџанско-ерменските односи, тој потсети дека ги поканил лидерите на двете земји на средба во Брисел, кон крајот на октомври и дека тие ја прифатиле поканата, оценувајќи дека ќе биде многу тешко да се постигне напредок во нормализацијата на односите меѓу двете земји, но дека ЕУ ќе ги искористи сите алатки да се дојде до таа цел. 

Зачлени се на нашиот е-билтен