Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мисовски: Убеден сум дека Џафери ќе биде одличен премиер, а Митрески одличен претседател на Собрание

Претседателот на НСДП и потпретседател на Собранието, Горан Мисовски, зборуваше во информативната програма на Слободен печат за очекувањата од техничката влада и работата на новиот премиер Талат Џафери и новиот спикер на Собранието Јован Митрески.

„Убеден сум дека Талат Џафери ќе биде одличен премиер, како што беше одличен претседател на Собранието. Убеден сум и дека Јован Митрески кој беше одличен координатор на пратеничка група, ќе биде одличен претседател на Собрание. Собранието функционира во полн капацитет, вчера добивме најмалку 10 закони од страна на Владата, согласно правилата новиот претседател се обрати до Владата и владата на седница заклучи дека останува зад подготвените закони и тие ќе бидат носени во соодветна собраниска процедура“, порача Мисовски.

Осврнувајќи се на изборот на празното место на член на Државната изборна комисија, Мисовски порача дека е потребно повеќе работа а помалку пропаганда,

„Во соодветната комисија за тоа едно место во ДИК два предлога од две опозициски парти и кога таа точка се отвори на Комисија тие две партии почнаа меѓу себе да си прават филибастеринг, а за знаеме дека за гласање на член на ДИК треба да има двотретинско мнозинство. Да отпочнеме процес на консултации да го одбереме најдоброто решение и да го пополниме празното место во ДИК за да нема сомнежи дека избор  прцес ќе има некој сомнителен тек. Треба помалку пропаганда а повеќе работа меѓу пратеничките групи“, порача Мисовски.

Анкетите во последните години и на последниот изборен циклус, се покажаа дека не се баш точни. Денот на изборите ќе биде најточната анкета, порача Мисовски.

„Ако погледнете, секој изборен циклус наназад се појавува една огромна бројка која одбива да се изјасни како ќе гласа и таа бројка изнесува помеѓу 40 и 50 %. Ќе направам една мала илустрација, на локалните избори за Маврово и Ростуше сите анкети покажуваа дека ВМРО-ДПМНЕ води два спрема една во однос на коалицијата на СДСМ, ама изборниот ден и изборниот резултат е најдобрата анкета. Тогаш, на тие практично го прегазивме ВМРО-ДПМНЕ. Имам информации и знам дека СДСМ интензивно прави анкети и виз а ви анкетите што ги лиферува штабот на ВМРО-ДПМНЕ не е баш така како што тоа тие велат“, потенцираше Мисовски.

Мисовски изрази уверување дека граѓаните ги препознаваат политиките на Владата и парламентарното мнозинство и дека тоа ќе се покаже на изборниот ден.

„Мислам дека политиките што ги промовираме во континуитет преку законските решенија преку она што владата го предлага во делот на економската криза, енергетската криза, социјалната политика во делот на пензиите, минималната плата тоа граѓаните го препознаваат. Препознаваат дека дека ова парламентарно мнозинство и оваа влада, како и претходната влада која беше предводена од Заев и тоа како знае добро да се справи со увезената економска криза, увезената инфлација, увезвената енергетска криза. Па да не беше храбрата одлука на премиерот во текот на ланската грејна сезона ние скопјаните ќе останевме без парно греење. Досегашниот премиер Димитар Ковачевски покажа искучителна одлучност во справувањето со економската и енергетска криза и тоа граѓаните го препознаваат. На анкетите псотојано се појавува една мала тенденција на зголемување на бројот на граѓани што го поддржуваат патот на нашата земја кон ЕУ, и тврдам дека најдобра анкета ќе биде денот на гласањето“, заклучи Мисовски.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново