Администрацијата добила повеќе извештаи за проблеми со системот за автоматска идентификација (AIS), кој им овозможува на бродовите да ја покажат својата позиција.
„Нивото и интензитетот на електронските пречки во Заливот значително влијаат на известувањето за позициите на бродовите“, се наведува во соопштението на УКМТО.
Агенцијата не го наведе изворот на нарушувањето, но ги повика бродовите да бидат внимателни кога пловат во областа.
Иран неодамна се закани дека ќе го затвори стратешки важниот теснец
Предупредувањето доаѓа во контекст на неодамнешните закани од страна на Иран дека евентуално ќе го затвори Ормутскиот теснец, стратешки важен морски премин што го поврзува Персискиот залив со Оманскиот залив и Индискиот Океан. Минатата недела, иранскиот функционер Есмаил Косари рече дека Техеран сериозно размислува да го затвори теснецот како одговор на ескалацијата на конфликтот со Израел.
Ормутскиот теснец игра клучна улога во глобалната енергетска безбедност. Според американската Администрација за енергетски информации (EIA), околу 21 милион барели нафта дневно минуваат низ тесниот премин, што претставува околу 20% од светската потрошувачка на нафта. Теснецот е широк само 33 километри во неговата најтесна точка, а водните патишта се ограничени на 3 километри во секоја насока, што го прави исклучително ранлив на прекини.
Затворањето на Ормускиот теснец би имало сериозни последици за глобалниот енергетски пазар, предизвикувајќи зголемување на цената на нафтата и потенцијално дестабилизирање на глобалната економија. И покрај повремените закани, Иран досега не го затвори теснецот, делумно поради присуството на Петтата флота на САД во регионот, која обезбедува слобода на навигација.