Митески сака гасна централа во Аеродром против загадувањето

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, Дејан Митески (ВМРО-ДПМНЕ), најави пакет мерки за намалување на загадувањето и унапредување на комуналната хигиена. Планот опфаќа изградба на топлификациона мрежа, проект со Владата за гасна когенеративна централа и развој на околу 110 километри топловодна мрежа низ Лисиче, Горно Лисиче и Долно Лисиче. Митески рече дека за решавање на депонијата Вардариште е неопходна поддршка од Град Скопје.

Во делот на хигиената, најавени се засилување на инспекциските служби, отворање дежурна телефонска линија за пријавување на диви депонии и формирање интервентни тимови за нивно чистење. Истовремено, ќе се продолжи со секојдневното отстранување отпад (дел од количините се носат во Дрисла), а општината ќе ангажира дополнителна механизација каде што е потребно.

Паралелно, планот предвидува и нови сообраќајни поврзувања за да се намалат застојот и емисиите од возила на територијата на општината.

Зачлени се на нашиот е-билтен