Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Карим Кан, денеска го посети граничниот премин Рафа и рече дека во тек се истраги во врска со злосторствата наводно извршени во Израел на 7 октомври, во Газа и во Западниот Брег.
-Ние ја разгледуваме ситуацијата во Палестина независно. Гледаме што се случува во Израел. Ни треба соработка. Ни треба помош. Но, ќе бидеме одлучни, упорни и професионални за да се осигураме дека ќе ги одвоиме обвинувањата од факти, рече тој.
Кан додаде дека не треба да има пречки хуманитарната помош да стигне до деца, жени и мажи кои се невини и имаат право на тоа.