Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Младите кои ја извојувале битката со апел за повеќе информации околу детскиот канцер во Македонија

Четириесеттина млади од земјава, Србија, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина, кои ја извојувале битката со ракот во детството се дел од Регионалната конференција на млади излекувани од канцер што од четвртокот и за време на викендот се одржува во Струга, во организација на Здружението за подобро здравство, образование и социјална грижа – САНО.

Учесниците на конференцијата имаа можност да слушнат предавања од доктори од регионот на повеќе теми поврзани со предизвиците и последиците со кои се соочуваат децата кои го победиле канцерот.

Младите, сарвајвери, односно преживеани, како што меѓу себе се нарекуваат, упатија апел до институциите да ја сфатат сериозноста околу немањето информации околу педијатрискиот канцер.

– Станува збор за суштински проблем, кој не го препознава ниту системот, ниту јавноста, а тоа е дека децата кои се лекувани со канцер и времето поминато во болница за нив е „дупка“ во која губат многу. За жал, ние немаме соодветно образование додека децата се во болница. Имаме цели генерации деца и родители кои буквално се пуштени низ вода. Нашиот систем и јавноста не ја препознава тежината на тој пропуст, посочува претседателката на Здружението САНО, Марија Вук.

Во регионот, според неа, состојбата е многу подобра.

– Децата имаат образование, кое е во тек на процесот на лекување. Додека се во болница имаат ангажирано професори, кои се на одделенијата и работат со децата. Кај нас сметаме дека тие деца се дискриминирани и ова сериозно треба да се сфати за да се исправи, додаде Вук.

Покрај едукативниот дел, слободното време го поминуваат во забава и дружење, а дел од активностите беше и еко акцијата за чистење на Струшкото крајбрежје, со апел да ја чуваме околината и природата.

Најново