Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

МНР: Нема информации за настрадани македонски граѓани во поплавите во Шпанија

Mакедонската амбасада во Мадрид тековно ја следи состојбата со поплавите кои го зафатија градот Валенсија во Шпанија каде загинаа повеќе од 64 луѓе, велат за Рацин.мк од Министерството за надворешни работи.

-Во редовна комуникација сме со локалните власти, до овој момент, нема информации за настрадани наши сограѓани во поплавите. Ги повикуваме сите македонски граѓани кои се наоѓаат во Валенсија или регионот на Валенсија, доколку имаат потреба од поддршка, да ја контактираат македонската амбасада во Мадрид на следните броеви: +34915717298 или преку е-маил: madrid@mfa.gov.mk, Secretary.Madrid@mfa.gov.mk., велат до МНР.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку својот Твитер профил упати порака за сочувство до шпанската влада и до министерот за надворешни работи на Шпанија, Хозе Мануел Албарез.

Најмалку 64 лица загинаа во регионот на Валенсија во поплавите по поројните дождови кои во вторникот ги оставија патиштата и градовите под вода – соопштија локалните власти.

Десетици видеа споделени во текот на ноќта на социјалните мрежи покажуваат луѓе заробени од надојдените води, од кои некои се качувале на дрвја за да се спасат – објави „Ројтерс“.

Карлос Мазон, регионалниот шеф на Валенсија, на прес-конференција рече дека некои луѓе останале изолирани на непристапни места.

С.Т.

Зачлени се на нашиот е-билтен