МОБ ја отвора новата балетска сезона со „Градина на почетоците“

Националната опера и балет во петок, на 19 септември, ја отвора новата балетска сезона со премиера на „Градина на почетоците“ од композиторот Стојан Стојков, по либрето на Ефтим Клетников. Главните улоги ќе ги изведат Марија Кичевска Шокаровска, Ева Перковска, Франциско Хименес Руиз (Шпанија), Симона Колиштркоска и Ендру Кук (Англија).

Кореографијата е на Џан Арслан (Турција), а оркестарот на МОБ ќе го диригира Иван Еминовиќ. Стојков истакна дека инспирацијата му била античка музика и македонски рурален фолклор, комбинирана со современи композиции и полифонија.

Генералниот менаџер на МОБ, Кире Павлов, посочи дека проектот бил заборавен од претходното раководство, но со поддршка од министерот Зоран Љутков и директорот Оливер Арсовски, премиерата се реализира годинава.

Зачлени се на нашиот е-билтен