На 31 октомври во 20:00 часот, во СЦ „Јане Сандански“, ќе се одржи уникатното стенд ап шоу „Модернизам и Ренесанса“. Оваа есен, проектот што се смета за еден од најквалитетните во својата индустрија, ќе го однесе публиката на едно необично и забавно искуство со чуден хумор и неверојатни моменти на сцена.
Како специјални гости ќе настапат Stojanoski Brothers од Австралија, како и Моторџијата, Кломпарот, Битолчанката, Жане, а публиката ќе ги види и Павле и Боцо.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 18 септември од 10:00 часот онлајн на avalonbooking.mk.