Моќен циклон се движи над Европа: Овие делови се веќе под удар на бури, дури 3 торнада

Метеоролозите предупредуваат дека во текот на неделата, ќе дојде до зајакнување на циклонот, кој од западна до централна Европа ќе предизвика бура слична на ураган.

По долго затишје, Европа ја очекува бурна промена на времето. Над северозападна Европа, во изминатиот период, имаше стабилно време, за што е заслужен силен антициклон, што според метеоролозите било спречено силното продирање на врнежите од Атлантикот во европското копно.

Поради овие причини метеоролозите посочуваат дека облаците се „преселиле“ во периферните области, па затоа Скандинавија и северот од Русија, биле погодени од обилните снежни врнежи.

Со обилни дождови и студено време бил погоден западниот дел од Русија, а силни грмотевици и поплави го погодиле источниот брег на Шпанија.

Во моментов силен циклон стигна до северозападниот дел на Европа.

Во наредните денови, овој циклон ќе донесе бурно време, силни ветрови, дожд и врнежи од дожд со грмотевици и многу високи бранови до крајбрежните области од северниот дел на Шпанија и Португалија преку западна и централна Европа до северниот дел на Европа.

Силни грмотевици веќе ја погодија Западна Европа, вклучувајќи три торнада. Торнадо ја погоди околината на Париз и предизвика штета, а едно лице загина. Второто торнадо ја погоди Белгија, а третото Холандија.

Метеоролозите предупредуваат дека во текот на неделата, ќе дојде до зајакнување на циклонот, кој од западна до централна Европа ќе предизвика бура слична на ураган.

Циклонот ќе повлече и многу топла воздушна маса од северот на Африка, па температурите на југот на Европа ќе достигнат и до 25 степени, а на југот на Шпанија и Италија температурите ќе надминат дури и над 30 степени.

Зачлени се на нашиот е-билтен