Емоции од музика и активизам – Масив Атак ечеше од Стадионот на АРМ во Скопје

Стадионот на АРМ во Скопје вчера беше преполн со илјадници обожаватели на Massive Attack кои уживаа подеднакво и во старите хитови и во поновите траки на славниот британски бенд.

Додека на сцената се менуваа ритамот и визуелизациите, публиката ги следеше и прифаќаше пораките на бендот испишани на македонски јазик со кои повикуваа на запирање на геноцидот врз цивилното палестинско населените, запирање на агресијата врз Украина, но и пораки против разулавеното уништување на животната средина од големите неодговорни корпорации.

Massive Attack вчера во Скопје по трет пат после настапите во 2006 и 2010 година уште еднаш го потврдија својот статус на музички, но и морален глас во современата културна сцена. Концертот на Massive Attack во Скопје создаде силни емоции, став и моќна колективна енергија.

Фотографии: Надица Манева Ангеловски

Зачлени се на нашиот е-билтен