Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Моќно прво видео на Камала со песна на Бјонсе, кои се пораките?

Во првото видео на Камала Харис за претседателската кампања за 2024 година, кандидатдката за Белата куќа ја зеде песната „Слобода“ на Бијонсе од 2016 година за да ги зајакне ставот и вредностите за кои се залага како де факто демократски кандидат пред претседателските избори.

„На овие избори секој од нас се соочува со прашање: во каква земја сакаме да живееме?“, вели Камала Харис во изборниот спот.

„Има некои луѓе кои мислат дека треба да бидеме земја на хаос, на страв, на омраза. Но ние? Избираме нешто различно“, порачува Камала Харис.

„Слободата не само да се снаоѓаме, туку и да напредуваме. Слободата да се биде безбеден од насилството со огнено оружје. Слободата да донесуваме одлуки за сопственото тело. Избираме иднина во која ниту едно дете не живее во сиромаштија, каде што сите можеме да си дозволиме здравствена заштита , каде што никој не е над законот“, продолжува таа во првото изборно видео.

„Ние веруваме во ветувањето на Америка и подготвени сме да се бориме за тоа, бидејќи кога се бориме, победуваме“, поентира Камала Харис во моќното видео засилено со песната „Слобода“ на Бијонсе.

Зачлени се на нашиот е-билтен