Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова во Музејот на модерна уметност во Њујорк – МоМА

Прв филм во македонска копродукција, „Молкот на разумот“, на Кумјана Новакова, ќе биде премиерно прикажан во Музејот на модерната уметност (МОМА) во Њујорк како дел од престижната програма Doc Fortnight 2024. Проекцијата е закажана за 25 февруари, а по неа следува разговор со режисерката. Втората проекција е предвидена на 5 март.

Овој документарец, еден од само 13 избрани во официјалната селекција за не-фикција на МОМА, претставува значаен момент за македонската кинематографија, првпат со присуство на светската сцена. Филмот се очекува да предизвика интерес и внимание во Северна Америка, каде ќе биде претставен на аудиториум кој ќе го види во прв пат и допринесе кон ширење на културната размена и влијание на македонската уметничка сцена.

– Низ ова издание на фестивалот, кураторите на филм вклучуваат автори и авторки кои низ своите дела се соочуваат со историите на насилство и империјализам, разоткривајќи го нивниот одек во сегашноста преку креативна реанимација на историски и заборавени архиви – вели Новакова.

„Молкот на разумот“ освои Срце на Сараево за човекови права, наградата за најдобра режија на ИДФА во Амстердам, наградата за најхрабар филм на Авторскиот филмски фестивал во Белград, специјалната награда на жирито на Филмскиот фестивал во Торино, како и специјалната награда „Очилата на Ганди“ под покровителство на Centro Studi Sereno Regis на Филмскиот фестивал во Торино. Во Македонија филмот беше прикажан на специјална проекција во рамките на фестивалот на „Прво па женско“.

Во следниот период следуваат премиери на филмот и на најзначајните национални фестивали во Грција, Шпанија, Чешка, Франција, Романија, како и фестивалски проекции надвор од Европа.

„Молкот на разумот“ е подржан со уметнички грант од страна на БИРН, а е во македонско-босанска копродукција. Гостувањето на Кумјана Новакова во Њујорк е подржано од Музејот на модерна уметност во Њујорк – МОМА и нашето Министерство за култура.

Зачлени се на нашиот е-билтен