Новинарот Горан Момировски во неговото гостување на Лидер.фм на 8 ноември, упати низа на сериозни закани кон премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Бојан Маричиќ, но и кон народот истакнувајќи некакви црни сценарија и заканувајќи се дека луѓе ќе бидат убивани по улица.
„Луѓето во СДСМ ја сносат најголемата одговорност, иако ДУИ управува со државата од Илинденска, односно од Мала Речица. Ако го направат овој план, треба да бидат подготвени дека ќе летаат глави. Ќе има убиени луѓе на улица“, се закани Момировски.
Момировски и водителот Љупчо Златев во емисијата изнесуваат теории на заговор (Од 32 минута на емисијата) според кои наместо избори ќе се воведела вонредна состојба и дека со тоа ќе бидат откажани претседателските и парламентарните избори, а водството на државата ќе го преземел Талат Џафери како претседател на Собранието.
Доколку тоа се случи, предупредува Момировски, со тон на закана, премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Бојан Маричиќ и сите што ќе учествуваат во тоа, ќе се соочат со црни сценарија.
„Ова делува заканувачки од новинар, но треба да бидат свесни дека за вакво национално предавство, да се обидете да ја предадете државата на владеење на други луѓе, да ја поделите државата, не само тие што учествувале ќе бидат санциионирани, со најцрни сценарија, да бидат убивани луѓе по улица, ќе има далекусежни последици по целите нивни семејства“ рече Момировски.
Момировски, кој неговото сценарио го толкува како закана, уште вели дека „ќе има убиени луѓе по улица и последици по нивните семејства“.
„Луѓето во СДСМ ја сносат најголемата одговорност, иако ДУИ управува со државата од Илинденска, односно од Мала Речица. Ако го направат овој план, треба да бидат подготвени дека ќе летаат глави. Ќе има убиени луѓе на улица“, продолжи со неговото сценарио новинарот Горан Момировски во гостувањето на Лидер.фм.
Иако од емитувањето на емисијата на Лидер.фм со Момировски поминаа веќе 6 дена, се очекува новинарските здруженија да реагираат на заканите на Момировски.
За очекување е новинарските здруженија и совети соодветно да реагираат на ваквите закани од новинарот, но и кон водителот на емисијата кој отстапи простор за искажување на смртни закани и заплашувања.
З. Б.