Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Моравјецки: Можен е забрзан прием на Молдавија во ЕУ

Забрзан пристап на Молдавија во Европската Унија би можел да биде возможен, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

„Верувам дека е можен забрзан пат“, изјави Моравјецки при посетата на Кишињев. Според него, „или тоа ќе биде навистина брз начин, или преговорите ќе се заглават во долги разговори“.

Моравјецки изрази надеж дека Европската Унија широко ќе ги отвори вратите за Украина и Молдавија.

Премиерот на Молдавија Дорин Речеан му се заблагодари на Моравјецки за поддршката од Полска. – Реформите што ги спроведуваме нè приближуваат до Европската Унија, рече тој.

Според него, и покрај сите предизвици и кризи, Молдавија сфатила дека може побрзо да се движи на патот на интеграцијата во ЕУ.

Молдавија стана кандидат за членство во ЕУ во 2022 година заедно со Украина и постојано ја обвинува Русија дека се обидува да ја дестабилизира. Оваа поранешна советска република со 2,5 милиони жители граничи со Украина и има руски мировници стационирани во Придњестровје. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен