Руските и белоруските разузнавачки агенции, наводно, планираат операција со лажно знаме за да ја обвинат Украина за саботажа насочена кон критичната инфраструктура во Белорусија, објави Центарот за национален отпор, пренесува Укринформ.
„Постигнат е договор меѓу руската ФСБ и белоруската КГБ да се спроведе операција со лажно знаме насочена кон еден од објектите на белоруска територија, за дополнително да се обвини украинската страна“, се вели во извештајот.
Во моментов, магацинот за нафта BRESTOBLNEFTPRODUKT надвор од населбата Прилуки во регионот Брест, кој е оддалечен само 2 километри од белоруско-полската граница, се смета за мета на „терористичкиот напад“.
Центарот за национален отпор истакна дека во чинот на провокација може да биде вклучен и дрон кој носи товар со експлозив. Според информациите од белоруското подземје, уште во август извидниците на групата Вагнер извршиле воздушно извидување на потенцијалните објекти за нападот.
Како што претходно објави Укринформ, руско-белоруските заеднички воени вежби, кои се одржуваат на белоруските полигони, беа продолжени до 15 октомври.
Подготви: Д. Мишев ЦивилМедиа