Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Москва речиси целосно го пренасочи извозот на нафта во Азија, тврди рускиот вицепремиер Новак

 Русија речиси целосно го пренасочи извозот на нафта во Кина и Индија, со што доби приходи споредливи со 2021 година пред воведувањето на западните санкции, изјави денеска рускиот вицепремиер задолжен за енергетика Александар Новак. .

Според него, Русија, која е погодена од бројни западни санкции поради офанзивата во Украина, особено на енергенсите, денес продава 45 до 50 отсто од нафтата на Кина и 40 отсто на Индија.

„Ако претходно ја снабдувавме Европа со 40 до 45 отсто од вкупниот обем на нашиот извоз на нафта и нафтени деривати, очекуваме дека таа бројка нема да надмине четири до пет отсто до крајот на оваа година“, рече Новак во интервју за руска телевизија.

Тој рече дека „рускиот енергетски и нафтен комплекс успешно се разви во 2023 година“, и покрај ограничувањата воведени од Западот.

Зачлени се на нашиот е-билтен