Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Можна средба Мицотакис – Блинкен в сабота на Крит

 Во рамките на посетата на Блискиот Исток на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, можно е на неколку часа да допатува и во Грција, поконкретно на островот Крит и да се сретне со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Информацијата ја објавија медиумите во Грција, а портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите не ја исклучи можноста Мицотакис и Блинкен да се сретнат в сабота.

-Не е исклучено да се случи оваа средба, но кога ќе имаме нешто официјално ќе го соопштиме тоа,  кусо одговори Маринакис.

Според официјалната програма на грчкиот премиер, Мицотакис в сабота, за празникот Водици ќе биде на Крит и во градот Ханија ќе присуствува на осветувањето на водите.

Медиумите во Грција пишуваат дека Блинкен би допатувал на Крит од Турција, а не е исклучена можноста да ја посети и воената база во Суда.

Треба да знаете
Moже да ве интересира