Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Муцунски утре ќе тренира строгост со бугарскиот амбасадор, откако немо го посматраше дебаклот со знамињата во Софија

МНРТ Тимчо Муцински со амбасадорот на Бугарија Жељаско Радуков
МНРТ Тимчо Муцински со амбасадорот на Бугарија Жељаско Радуков

Дури откако претседателката Гордана Сиљановска Давкова најави дека ќе се бара објаснување за фотографијата пред бугарското знаме направена во Кабинетот на претседателот на Бугарија Румен Радев, од македонското Министерство за надворешни работи и трговија ќе го повикаат на разговор бугарскиот амбасадор.

-Во врска со најавата на претседателката Сиљановска Давкова информираме дека во текот на утрешниот ден во Министерството за надворешни работи  и надворешна трговија на разговор ќе биде повикан Амбасадорот на Република Бугарија, изјавиле за МИА од МНР. 

Значи, Муцунски утре ќе тренира строгост со бугарскиот амбасадор, откако немо го посматраше дебаклот со знамињата во Софија.

Од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова вчера најавија дека ќе побараат објаснување за фотографијата пред бугарското знаме направена во Кабинетот на претседателот на Бугарија иако, како што нагласуваат оттаму, ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен.  

– Она што фрли сенка на настанот е отстапувањето од договорениот протокол за средбата, според кој, не требаше да има фотографии во рамките на затворениот простор. Но, за жал, пред почетокот на тет-а-тет средбата, претседателот Радев ја покани претседателката да направат заедничка фотографија пред бугарското знаме, иако ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен. Сакаме да веруваме дека се работи за протоколарен превид, а не за намерна постапка и отстапка од договореното и веќе утре ќе побараме објаснување од бугарска страна, наведоа од Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова.

Фотографијата на која Сиљановска Давкова и Радев се ракуваат пред бугарското знаме во неговиот Кабинет предизвика реакции во земјата.

Најново