Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мултимедијален настан „Заедно за подобра иднина“ на ЦИВИЛ во општина Центар

ЦИВИЛ во соработка со скопската општина Центар ќе одржи мултимедијален настан „Заедно за подобра иднина“, денес, со почеток во 10 часот, во просториите на културниот центар „Јадро“.

Настанот е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“, чија цел е промоција на мултикултурализмот и европските вредности во земјата, со посебен фокус на младите.

Ученици од осум  училишта во општината учествуваа на конкурсот со избор од креативни ликовни творби, кои ќе бидат дел од изложбата. Со одлука на комисијата за оценување, општина Центар ќе додели  награди на најуспешните учесници а ЦИВИЛ ќе додели сертификати за учество на сите што беа дел од овие активности.

Проектот „Заедно за подобра иднина“ ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.

Мултимедијални настани „Заедно за подобра иднина“ се одржаа и во Општините Чаир, Кочани, и Гостивар на кои учениците преку ликовни творби, изразија силни пораки за мултикултурализмот.

Д. Тахири

Зачлени се на нашиот е-билтен