Парламентот на Молдавија во вторник го одобри назначувањето на проевропскиот економист Александру Мунтеану за нов премиер на земјата.
Мунтеану, кој е и основач на инвестициска фирма, никогаш претходно не извршувал политичка функција. Работел во странство околу 20 години.
Претседателката на Молдавија, Маја Санду претходно потпиша указ со кој го именуваше Мунтеану.

