На тема предвремени парламентарни избори во јавноста се огласи и министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Тој вели дека тоа се несериозни изјави од страна на ДУИ за дневна политика.
– Не гледаме никаква причина за избори имајќи предвид дека Владата има скоро двотретинско мнозинство. Прво, нема ниту еден потрес Владата, ниту една криза за да идните локални избори се одржат заедно со парламентарните. Што се однесува до вмешувањето на Ахмети и ДУИ во целата приказна, тоа многу ми наликува на она кога бевме во основно образование и кога некои само еднаш во месецот ќе научеа една лекција и кога професорот ќе прашуваше кој е спремен, очите му ги вадеа на професорот дека се подготвени за тој ден. Така што, мислам дека тие изјави се несериозни и се изјави што бараат внимание бидејќи очигледно не се научени да бидат во опозиција, рече Муртезани.