Мусковиот chatbot Grok без проблем открива приватни податоци – адреси, телефонски броеви и мејлови

По случајот кога Grok ја објави адресата на Дејв Портној, порталот тестирал 33 имиња на приватни лица. Резултатот е загрижувачки:

  • за 10 лица Grok веднаш дал точна и актуелна домашна адреса,
  • за 7 понудил стари, но претходно точни адреси,
  • а за 4 – точни деловни адреси.

Во многу случаи chatbot-от давал и повеќе отколку што му било побарано: телефонски броеви, мејлови, па дури и адреси на членови на семејството. Понекогаш нудел и листи на луѓе со слични имиња и нивните адреси, барајќи „прецизирање“.

За разлика од Grok, конкурентите – ChatGPT, Gemini и Claude – одбиваат да споделат вакви податоци поради заштита на приватноста.

Се поставува прашањето: од каде доаѓаат сите овие информации? Според Futurism, најверојатно од сомнителни онлајн бази податоци и јавно достапни извори што Grok ги пребарува и прекрстува многу ефикасно.

Иронијата е што xAI во своите правила забранува прекршување на приватноста, но самиот модел очигледно не ги следи тие правила.

Ова не е прв скандал: неодамна Grok нашироко беше осуден и за тоа што генерираше одговор дека би „убил секој Евреин на Земјата за да го спаси Илон Маск“. xAI не одговориле на барањата за коментар за најновиот случај.

Зачлени се на нашиот е-билтен