Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Музичкиот документарец „Ефтеркланг: Македониум бенд” го отвора  23. издание на фестивалот CINEDAYS

Со проекција на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд”, во режија на Андреас Јонсен, во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket, како и со концерт на „Ефтеркланг: Македониум бенд”, на 11 јули ќе биде отворен  23. издание на фестивалот CINEDAYS.

Музичкиот документарен филм кој се снимаше во текот на април 2023 претставува музичко патешествие на групата Ефтеркланг во потрага по македонски музичари, со цел составување на голем ансамбл и нивен заеднички перформанс пред споменикот „Македониум” во чест на симболот на архитектонскиот споменик за слобода и независност, соопшти МКЦ. 

Премиерата на филмот, се одржа на 23 март 2024 во рамките на „CPH:DOX” и беше проследена со уникатен концерт на ансамблот „Ефтеркланг: Македониум бенд” во кој членуваат 22 македонски музичари. 

Филмот ја заокржува истражувачката потрага на овој дански состав, преку патувачка турнеја низ Македонија. Младински културен центар се јавува во улогата на продуцент преку својата логистичка и организациска поддршка на целиот проект.

Покрај бендот Ефтеркланг, во ансамблот членува и Женскиот младински хор при МКЦ со 16 хористки, потоа музичарите Стефче Стојковски, Дејан Спасовиќ, Дина Јашари, Ива Дамјановски, Мартина Баракоска и Јане Трајковски.

Реализацијата на филмот е поддржана од страна на Министерството за култура со 250.000 денари, потоа Данскиот уметнички совет и „Culture Moves Europe” програмата на Европска унија.

Годинашниот фестивал CINEDAYS ќе трае до 17 јули.

Треба да знаете
Moже да ве интересира