Музичкиот рок- хроничар Тошо Филиповски во „Екс-ЈУ рок центарот“ во Сараево, Босна и Херцеговина, на 15 декември ја отвори изложбата „60 години македонска рок-сцена“.
Беа изложени вкупно 400 артефакти, плочи, плакати од концерти, фотографии од музичари.
Филиповски на четири витрини и три ѕида кои му биле на располагање ја претставил сцената низ осум музички правци.
Филиповски е автор на „Македонска рок-енциклопедија“ и уште неколку хроники на македонската рок-сцена, кои беа промовирани во „Екс-ЈУ рок центарот“.
Изложбата ќе може да се види и во следните три месеци.