Вечерва (петок, 24 февруари), со почеток во 20:30 часот, во киното Фросина ќе настапи корејскиот бенд Tengger.
Tengger е патувачко музичко семејство, составено од паназискиот пар, Ита и Маркидо, кои го создаваат својот бренд на “Psy/New-Age/Drone” магија преку употреба на мелодеон, глас и инструменти-играчки (свирени од Ита) и аналогни синтисајзери (свирени од Маркидо).
Дуото првично започнува со називот „10“, но од раѓањето на нивниот син Рааи (кој им се придружува на турнеите и често на сцената) во 2012 година, се нарекуваат TTengger, што значи „неограничено небо“ на монголски јазик, за да го одбележат проширувањето на семејството
Патувањето како духовно искуство во реални средини и звукот меѓу просторот и публиката беа централни теми на нивните дела. Годишните аџилаци на семејството го информираат секој аспект од нивната уметност.