МВР: Кире Ѓорѓиевски, осуден за „27 април“, почина по влошување на здравствената состојба во затворот во Штип

Вчера почина Кире Ѓорѓиевски, осуден на 13 години затвор за случајот „27 април“. Ѓорѓиевски ја издржуваше казната во затворот во Штип.

Денеска се огласија од МВР преку соопштение во полицискиот билтен.

-На 01.11.2025 во 09:30 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип е пријавено дека на осуденикот К.Ѓ.(47) од Скопје на 31.10.2025 му се влошила здравствената состојба и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што на 01.11.2025 починал. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила увидна екипа, информираа од полицијата.Пронајдете не на следниве мрежи:

Зачлени се на нашиот е-билтен