Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

МВР на БиХ му се закани на Додик доколку прогласи независност на Републиак Српска.

 Сојузниот министер за внатрешни работи на БиХ Рамо Исак реагираше на заканите на претседателот на Република Српска Милорад Додик дека ентитетот ќе прогласи независност во 11:00 часот доколку високиот претставник го наметне Законот за државен имот на БиХ во 17:00 часот.

– Ако прогласите независност во 11, во 11:01 ќе бидете зад решетки: Првата, брутална реакција на министерот на БиХ на заканите на Додик за отцепување

– Милорад, ако високиот претставник Кристијан Шмит го наметне Законот за државен имот на БиХ во 17:00 часот, а вие прогласите независност во 11:00, ќе завршите зад решетки во 11:01 часот. Тоа ти го гарантирам. Па повели. Те повикувам, не ја чекај одлуката на високиот претставник – биди храбар и обиди се, нема да успееш или престани да го труеш босанскохерцеговското општество и да сееш страв, омраза, раздор и нетрпеливост, рече Исак, пренесува Н1.

Тој додаде и дека Додик ништо нема да прогласи, и оти само може тој да биде прогласен за виновен.

– Нема да прогласиш ништо, Милорад. Можат само тебе да те прогласат. И тоа, за виновен. Виновен за сторени тешки кривични дела казниви според одредбите на Кривичниот закон на Босна и Херцеговина, изјави министерот Исак во својата реакција.

Претседателот на ентитетот на Република Српска, Милорад Додик, во емисијата Телеринг изјави дека „доколку, како што го нарече, ’нелегалниот христијанин Шмит‘ се обиде да наметне закон за имот, Република Српска веднаш ќе прогласи независност“.

Додик рече дека Република Српска нема да биде неподготвена, туку веднаш ќе прогласи независност без да испука ниту еден куршум.

– Имавме голема подготвителна средба за таква ситуација, изјави тој и додаде дека има информации оти високиот претставник Шмит ќе го наметне законот во јануари.

– Ако каже кој било ден во пет часот попладне, нека смета дека ние во 11 сме одржале Собрание и сме прогласиле независност. А тоа значи независност во се – нов финансиски систем и територија под контрола на Република Српска. Нема да спречиме преминувања и движења, рече претседателот на РС. 

Зачлени се на нашиот е-билтен