Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

МВР објави фотографија од лицето што денеска пукаше во Ист Гејт Мол, се вршат хируршки интервенции на двете лица со прострелни рани

Министерството за внатрешни работи (МВР) обезбеди фотографија од лицето кое со огнено оружје пукаше кон две лица во трговскиот центар Ист Гејт Мол во Скопје при што тие се здобија со повреди и беа пренесени во болница за укажување помош.

-На фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го изврши кривично-правниот настан. Ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Скопје ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на  телефонските броеви 192 или 112, соопшти МВР.

По денешното пукање во „Ист гејт мол“, едно лице е во критична состојба, а друго е пренесено на Клиниката за торакална хирургија. Информацијата за МИА ја потврди директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Љубен Арсенков.

– Двајца пациенти се примени во болницата, станува збор за две машки лица. Едниот пациент е задржан кај нас, веднаш е однесен во операциона сала поради сериозноста на повредите. Во моментов се изведува оперативен зафат кај овој пациент. Во тешка состојба е и врз него се врши оперативен зафат поради повреди во стомакот и во градната шуплина. Другиот е препратен на Клиниката за торакална хирургија. И кај едниот и кај другиот пациент се работи за прострелни рани, појасни Арсенков.

Министерството за внатрешни работи соопшто дека работат на расчистување на случајот. 

Од Ист Гејт Мол соопштија дека по обезбедување на сите потребни безбедносни мерки трговскиот центар продолжува со нормална работа.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново