МВР поднесе кривична пријава против екс градоначалникот на Кичево

ОВР Кичево  поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата ” по член 353 од Кривичниот законик, информираше СВР Охрид.

Како што се наведува во соопштението, поранешниот градоначалник на Кичево работел несовесно и вон рамките на законот во однос на вработени лица во Територијалната противпожарна единица Кичево.

„Тој, во својство на градоначалник на Општина Кичево,  несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство. Пријавениот, од 2016 година, секоја година, со одредени лица склучувал договори за вработување во Територијалната противпожарна единица Кичево и по истекот на една година од нивното вработување, не извршил должен надзор, пропуштил да им го прекине работниот договор и дозволил, истите да не се стекнат со соодветен сертификат за квалификација како пожарникари, издаден од надлежен Државен орган“ се наведува во соопштението на СВР Охрид.

Зачлени се на нашиот е-билтен