Социјалдемократите со остри обвинувања кон власта предовдена од Хрисијан Мицкоски, дека со разрешувањето на, како што велат насилниот началник, сака да го забошоти случајот за нивнот началник, за кој велат дека е унапреден уште првиот ден кога Тошковски ја презема функцијата во МВР. Од таму посочуваат дека на МВР му требале цели два дена за да ги видат снимките кои целата јавност ги виделе. ‘Под притисок на СДСМ и граѓаните, МВР конечно постапи, но ова не е доволно’.
„Откако е јасно признаена вината од МВР, сега нема ниеден изговор уште денес да не се поднесе кривична пријава и да се процесира насилникот. Ако тоа не го направи ОЈО и продолжи да калкулира, ќе биде јасно дека го штити началникот, а со тоа и Тошковски. СДСМ располага со низа скандали за истиот човек, кои ќе бидат објавени, како и за други раководни лица на Тошковски, кои се срам за македонската полиција“, велат од СДСМ.
Од СДСМ посочуваат дека по овој случај станува јасно зошто Тошковски сака измени на Законот за полиција, со кој скандалозно се предвидува ваквите началници кривично да не одговараат.
„Јасно е дека целта е партизација, а потоа и заштита на извршните функционери во МВР кои ќе се силат и ќе заплашуваат во служба на ДПМНЕ. СДСМ нема да престане да бара одговорност за крај за Мартиновски, а Тошковски треба да се повлече конечно, затоа што полицијата никогаш повеќе не била понижена, а системот уништен заради потребите на партијата“, велат од најголемата опозициска партија.