На 17 октомври можно отстапување од возниот ред на ЈСП

Од ЈСП Скопје информираат дека, поради прекин на испораката на природен гас кон Македонија од страна на НОМАГАС АД Скопје, на 17 октомври 2025 година е можно да има отстапувања од возниот ред.

Од претпријатието додаваат дека, доколку има промени во времетраењето на прекинот, граѓаните ќе бидат навремено известени, и упатуваат благодарност за разбирањето.

Зачлени се на нашиот е-билтен