Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

На барање на Киев на 10 јануари ќе се одржи состанокот на Советот НАТО-Украина 

 Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на 10 јануари ќе свика состанок на дипломатите од земјите-членки на Алијансата и украински претставници, по серијата неодамнешни масовни руски воздушни напади врз оваа земја, соопшти денеска НАТО.

Британските медиуми го цитираат портпаролот на Алијансата кој изјави дека средбата во новормираниот формат Совет НАТО-Украина ќе се одржи на барање на Киев, пред се, поради неодамнешните руски напади со ракети и беспилотни летала врз украинските цивили.

Во текот на новогодишните празници Русија ги засили нападите врз Украина, како одговор на украинскиот напад врз рускиот регион Белгород, на 30 декември, во кој загинаа 25 цивили, додаваат британските медиуми.

Зачлени се на нашиот е-билтен