Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

На денешен ден почина Милена Дравиќ, легендата на југословенското и српско глумиште и филм

На денешен ден во 2018 година, во Белград на 79 години почина актерката Милена Дравиќ,

Милена Дравиќ, една од најпознатите српски и југословенски актерки, е родена на 5 октомври 1940 година во Белград. Играше во преку сто филмови, а најголемата популарност ја доби во соработка со колегата Љубиша Самарџиќ. Нејзини најпознати улоги се во филмовите „„Утро“, „Козара“, „Битката на Неретва“, „Работа на одредено време“, „Татко на службен пат“, „Секула повторно се жени“, „Не е лесно со мажите“, „Зона Замфирова“…

Позната  е и по култните серии „Театар во куќа“ и „Луд, збунет, нормален“. Со својот трет сопруг и колега Драган Николиќ од 1972 до 1974 година ја водеше популарната шоу програма „Образ покрај образ“.

Милена Дравиќ е добитник на наградата за најдобра споредна женска улога на Канскиот филмски фестивал, на специјалната филмска  награда „Златна роза“ на Венецискиот филмски фестивал, како и на најпрестижните српски награди за целокупниот придонес кон југословенската и српската кинематографија.

Еве што рекоа за Милена Дравиќ Ведрана Рудан и Раде Шербеџија:

„Почина Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга држава, таа вест би се појавила на екраните на југословенската телевизија, онака како што ни се појави веста за смртта на Тито. Милена беше Тито на југословенскиот филм. Сите ние што растевме со неа, го знаеме тоа, генерациите што доаѓаат ќе ја препознаат нејзината големина, иако Тито нема да им падне на памет. Политичарите, колку и да се големи, со време сепак умираат, уметниците живеат вечно“.

Ведрана Рудан

Таа е единствената југословенска актерка која била наградена на Канскиот филмски фестивал, за „Посебен третман“ во 1980 година, а награди добиваше и на фестивалите во Венеција, Авелино и во Пула, каде што повеќе пати освои Златна и Сребрена арена. Доби и низа награди за животно дело.

„Нејзиното филмско лице трепери во нашите сеќавања, и кога ќе ги затвориме очите илјадници мали целулоидни квадратчиња намигнуваат со нејзините сини очи и не ни даваат да остареме. Тоа е вечниот филм кој што ни го подари со своето лице Милена“

Раде Шербеџија

Зачлени се на нашиот е-билтен