На Германија ѝ недостасуваат најмалку 120.000 возачи на камиони

Возачите на камиони веројатно ќе останат незаменливи бидејќи тие истовремено се во улога на придружник и чувар на стоката што им е доверена, пишува весникот.



Германија во моментов има недостиг од најмалку 120.000 возачи на камиони, а многу транспортни компании сè повеќе ги откажуваат испораките бидејќи немаат доволно возачи. Ова го изјави портпаролот на Федералната асоцијација на патни превозници, Дирк Енгелхар.

Според него, помеѓу 30 и 35.000 возачи на камиони се пензионираат секоја година, а само 15 до 20.000 нови се појавуваат како замена, објавува Шпигел.

Многу превозници повеќе не учествуваат на тендери бидејќи приходите од очекуваниот транспорт на стоки не би ги покриле трошоците, кои, како што објаснува Енгелхарт, се зголемиле над просекот поради недостигот на возачи.

Овој феномен веќе има видливи последици, па празните полици што често се гледаат во продавниците не се само резултат на неможноста на синџирот супермаркети и добавувачите да се договорат за цена, туку и на недостатокот на возачи на камиони што ја транспортираат стоката.

Според „Шпигел“, Германија, 80 проценти од стоката се транспортира по пат. Здружението на патни превозници не очекува оваа криза да биде ублажена со таканаречени автономни возила што се движат со помош на сензори, камери и вештачка интелигенција, без возач зад воланот.

Возачите на камиони веројатно ќе останат незаменливи бидејќи тие истовремено се во улога на придружник и чувар на стоката што им е доверена, пишува весникот.

Тие се одговорни за предавање на товарот на примачот, како и за неговиот безбеден транспорт, истакна Енгелхарт, така што во догледна иднина возачите на камиони ќе останат единственото решение во случај на непредвидена ситуација.

Зачлени се на нашиот е-билтен