„Пиварниците ќе паднат како муви од ѕидот. Светот на пиварниците се распаѓа. Речиси секој ден гледаме банкрот на помалите пиварници, а тоа ќе влијае и на поголемите производители“, изјави Блашак за весникот „Аугсбургер Алгемајне“.
Според него, продажбата на пиво во Германија досега се намалувала за два до три проценти годишно, но оваа година е забележан остар пад од седум до 7,5 проценти.
Само во првата половина од 2025 година, домашниот пазар изгуби околу 2,6 милиони хектолитри, што одговара на потрошувачка од приближно три милиони лименки дневно, пишува весникот „Oberösterreichische Nachrichten“ (Оберостеррајхише Нахрихтен).
Годишното рангирање на трговецот со хмељ BarthHaas покажува дека пет од шесте најголеми германски пивари произвеле помалку пиво во 2024 година отколку претходната година, а Oettinger е меѓу оние со најголем пад.
Како резултат на тоа, компанијата објави прекин на производството во Брауншвајг, една од нејзините четири фабрики.
„Одлуката е исклучително болна, луѓето таму завршија извонредна работа“, рече Бласак.